март 5, 2019

Тепачка во СГУС „Кочо Рацин“ во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Расна или друга дискриминација

Што се случило: На 05.03.2019 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 16.10 часот
на улица „Лихнида“ (СУГС Кочо Рацин) бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица
(едно на возраст од 16 и две на возраст од 17 години) од една страна и четири лица (три на возраст од 17
години и едно на возраст од 16 години). Составени се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од
ЗППЈРМ .
Датум, време и место на инцидентот: 05.03.2019 во 16.40 часот, ул. „Лихнида“ (СУГС Кочо Рацин)Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: три (3) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: четири (4) малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во средно училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници
и каде и претходно имало регистрирано вакви настани, а се наоѓа во населба каде исто така живее
мешано етничко население и каде постои нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Случајот е заведен како прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
ул. „Лихнида“ (СУГС Кочо Рацин)Скопје.
Име на Локација
ул. „Лихнида“ (СУГС Кочо Рацин)Скопје.

Број на жртви
3
Број на сторители
4
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Тепачка во СГУС „Кочо Рацин“ во Скопје image