април 16, 2023

Оштетена спомен плоча на меморијален комплекс во чест на загинатите албански маченици во Сопот, Кумановско

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 16 април 2023 година медиумите објавија вест дека во кумановското село Сопот била скршена спомен-плочата во меморијалниот комплекс изграден во чест на загинатите албански маченици за време на масакрот, извршен на 4 ноември 1944 година врз незаштитеното население од ова село. Според претседателот на Организациониот совет на овој меморијален комплекс Шукри Масурица ова претставува вандалски чин врз спомен објект и апелираше одговорните органи да го истражат случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – претпоставена разлика во етничкото потекло на сторителите
  2. Локација – меморијален комплекс изграден во чест на загинати албански маченици
  3. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Име на Локација
Меморијален комплекс изграден во чест на загинатите албански маченици во Сопот, Кумановско

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Уништување на симболи
Оштетена спомен плоча на меморијален комплекс во чест на загинатите албански маченици во Сопот, Кумановско image