октомври 15, 2017

Насилство пред штаб на ГРОМ во Скопје (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ патничко моторно возило
„Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, застанало пред штабот на политичката партија
„ГРОМ“ каде имало собрано околу 100 граѓани, и од возилото излегол С.Р., кој извадил нож и
лисици, по што им упатувал закани на присутните граѓани, а потоа заминал со возилото.

Датум, време и место на инцидентот: 15 октомври, 22:00 часот, партиски штаб на ГРОМ во Скопје.
Извор на информации: Дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: Повеќе активисти на политичката партија ГРОМ.
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144, КЗ), Загрозување со опасно орудие
при тепачка или караница (Член 133, КЗ)
Сторители: Едно лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
2. Перцепција на лице инволвирано во инцидентот – во изјава за медиумите, претседателот на
политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, наведе дека политичката партија СДСМ пратила
криминалци од подземјето, со цел да нападнат активисти на ГРОМ.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Согласно одговорот добиен од МВР по однос на Барањето за
информации од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, од страна на
полициски службеници на СВР Скопје било излезено на местото на настанот, при што било
констатирано дека возилото „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки застанало пред штабот
на „ГРОМ“ од каде излегле лицата С.Р. и Е.Ш., кои почнале да упатуваат пцовски, закани и навреди
кон присутните граѓани, симпатизери на политичката партија. Во насока на расчистување на
овој настан, биле извршени разговори со три лица, при што на разговор биле повикани и С.Р.
и Е.Ш., а во врска со настанот бил известен и дежурниот Јавен обвинител кој дал насоки да се
изврши разговор со повиканите лица, како и да се обезбедат и други лица и докази за настанот, а
целокупниот материјал со Известување да биде доставен до ОЈО. Притоа, од страна на Единицата
за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје било доставено Писмено известување
бр.28.11.2/02-616 од 18.10.2017 година.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации
за политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа
делува.

Адреса
ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“
Име на Локација
партиски штаб на ГРОМ во Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Напад со студено оружје Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Насилство пред штаб на ГРОМ во Скопје (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Превенција или нарушување на јавниот собир
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност