јули 27, 2023

Инцидент на натпреварот меѓу Левски и Шкупи

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: По завршување на фудбалскиот натпревар меѓу Левски од Бугарија и Шкупи од Скопје, неколку жители од населбата Чаир нападнале автомобили со бугарски регистарски таблички, а едно лице било тешко повредено. Нападот бил снимен од случајни минувачи. Според Обвинителството, бугарски навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде што прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, која преминала и во физичка пресметка. Потоа бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во тепачка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29годишен бугарски државјанин бил прободен со остар предмет во стомакот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло, националност – инцидент меѓу државјани на Бугарија и на Северна Македонија
  2. Време – инцидентот се случил по завршување на фудбалски натпревар
  3. Модел на претходни инциденти – пресметки помеѓу навивачки групи
  4. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различни групи во општеството и безбедноста на луѓето присутни на или во близина на спортски натпревари.


Број на жртви
-
Број на сторители
15
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Инцидент на натпреварот меѓу Левски и Шкупи image

Основа

Етничка припадност