Што се случило: На 16 април 2023 година медиумите објавија вест дека во кумановското село Сопот била скршена спомен-плочата во меморијалниот комплекс изграден во чест на загинатите албански маченици за време на масакрот, извршен на 4 ноември 1944 година врз незаштитеното население од ова село. Според претседателот на Организациониот совет на овој меморијален комплекс Шукри Масурица ова претставува вандалски чин врз спомен објект и апелираше одговорните органи да го истражат случајот.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:
- Етничко потекло – претпоставена разлика во етничкото потекло на сторителите
- Локација – меморијален комплекс изграден во чест на загинати албански маченици
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.