September 21, 2013

Нова провокација во Тафталиџе со нов натпис – Смрт за каури

Incident
Incident për shkak të përkatësisë fetare ose besimit fetar
Shkaktimi i urrejtjes, mosmarrëveshjes ose intolerancës kombëtare, racore apo fetare

Нова провокација на етничка основа во скопско Тафталиџе. Смрт за каури повторно осамна но сега на електричен столб на улицата Копенхагенска.

По трет пат во ова населено место каде има жители од различни етнички заедници се повторува истата случка.

Неколку пати досега во овој дел на Скопје излегуваат овие натписи, или во форма на летоци по автомобилите или напишани на околните објекти.

Но за жителите на Тафталиџе 2 ова не претставува никаков проблем бидејќи како што велат меѓуетничкиот соживот е на многу високо ниво.

Жителите на Тафталиџе се убедени дека станува збор за провокација од хулигани или луѓе кои не живеат во населбата.

Минатата година за само еден месец имаше две слични ситуации кога жителите на Тафталиџе забележаа летоци на нивните ветробрански стакла со истиот натпис.

Полицијата и тогаш работеше на расчистување на случајот меѓутоа досега никој не ја презема одговорноста за овие постапки.

Adresë
Skopje 1000, Macedonia (FYROM)

Numri i kryerësve
1
Statusi i çështjes
Perpetrators identified
Нова провокација во Тафталиџе со нов натпис – Смрт за каури image