Што се случило: На 14.04.2019 година во 18.10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на фудбалскиот стадион
на ФК Волково во с.Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство
од Коњари, лицата Е.Ќ. (51), И.Ќ. (48), Ќ.Ф. (33), А.Ќ. (20) и Б.А. (30), сите од с.Коњари, скопско, фудбалери на
ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир. Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В.(26) од
с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските
службеници. Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот
против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Датум, време и место на инцидентот: На 14.04.2019 година околу 18.00 часот на фудбалскиот стадион во
с.Волково.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, sitel.com.mk; skopjeinfo.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: пет (5) познати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во средно училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници
и каде и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Поднесен им е записник за констатиран прекршок по чл.3 од Закон за
спречување на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.
април 14, 2019
Фудбалери на ФК Братство од Коњари ги претепале своите колеги од ФК Волково
Адреса
Волково, Северна Македонија
Име на Локација
Волково, Северна Македонија
Линикови од вести
Број на жртви
1
Број на сторители
5
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да