ноември 13, 2020

Физички напад врз државјанин на Република Албанија

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 13.11.2020 околу 22.30 часот во СВР Струмица, А.К. од Р. Албанија пријавил дека во казино во Валандово бил физички нападнат од С.У.(55) од Валандово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното национално потекло поради тоа што нападот се случил поради тоа што жртвата е припадник на друга националност, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – жртвата зборувала на различен јазик од напаѓачот
  2. Национална припадност – инволвираните припаѓаат на различни националности

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните национални, етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад врз државјанин на Република Албанија image