декември 12, 2020

Физички нападнат 19-годишник во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 12.12.2020 година во 21.01 часот во ПС ОН Аеродром, 19-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од повеќе лица во близина на скопскиот Транспортен центар.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло затоа тоа што нападот се случил поради тоа што жртвата зборувала различен јазик од напаѓачите, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – жртвата зборувала на различен јазик од напаѓачите
  2. Етничкото потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички нападнат 19-годишник во Скопје image