февруари 27, 2016

Физички нападнат Тодор Петров (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Тодор Петров, бил
физички нападнат од страна на неколку непознати лица по осветувањето на камен-темелникот
на крстот во скопската населба Бутел, каде присуствувал на поставувањето на темелите на 51-метарскиот крст чија изградба е иницијатива на СМК. Според информации пренесени од
медиумите, на Петров му била укажана лекарска помош во Ургентниот центар во Скопје.

Датум, време и место на инцидентот: 27 февруари, 12:17 часот, угостителски објект „Казабланка”
Бутел, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Емагазин, дневен весник Дневник, електронски
медиум Локално, национален телевизиски медиум Телма.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Учество во тепачка
(Член 132, КЗ)
Сторители: Група од неколку сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
религиозната припадности или верско убедување, а пристрасните индикатори се:
1. Перцепција на жртвата – според изјава дадена за медиумите, жртвата гледа на инцидентот
како пристрасно мотивиран;
2. Време – инцидентот се случил непосредно по осветувањето на камен темелникот на крстот во
општина Бутел;
3. Местоположба – Инцидентот се случил во област населена со население со мешани етнички
состав и религиозна припадност;
4. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
5. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против три лица осомничени за нападот.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
била доставена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
различни верски заедници во земјата.

Адреса
угостителски објект „Казабланка” Бутел, Скопје
Име на Локација
угостителски објект „Казабланка” Бутел, Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Физички нападнат Тодор Петров (потврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност Религија или уверување