Што се случило: На 01.04.2019 во 13.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(39) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.30 часот во домот „Ранка Милановиќ“, малолетеник бил физички нападнат од двајца малолетници, инаку сите штитеници на установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 01.04.2019 во 13.30 часот, домот „Ранка Милановиќ“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум https://emagazin.mk/tepachka-me-u-maloletni-shtitenici-na-domot-ranka-milanovi/
Инволвирани жртви: 1 малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: 2 малолетни сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– во домот „Ранка Милановиќ“ живеат деца од различни етнички заедници, претежно македонци, роми и албанци.
2. Локација- и претходно во овој дом за деца со нарушено поведение се случувале вакви слични инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: нема конкретен одговор, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат на развојот и поведението на децата.
април 1, 2019
Физички нападнат малолетник во „Ранка Милановиќ“
Адреса
Petar Madzunkov, Skopje 1000, North Macedonia
Име на Локација
Дом за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение„Ранка Милановиќ“, Скопје.
Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Институција
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да