февруари 21, 2016

Тепачка меѓу навивачите на Вардар и Будуќност во ГТЦ (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Група навивачи на ФК Будуќност биле нападнати од група навивачи на ФК Вардар
додека седеле во едно од кафулињата на кејот 13ти Ноември во Скопје. Масовната тепачка се
одвивала во ГТЦ Скопје каде се искршени неколку излози во продавниците. Навивачите се уди-
рале со стаклени шишиња, метални и други предмети, по што „Варварите“ се упатиле кон хотелот
„Холидеј ин“. Во инцидентот е потешко повреден еден скопски навивач, а полесно повредени се
двајца црногорски навивачи.

Датум, време и место на инцидентот: 21 февруари, 17:15 часот, ул.Кеј 13 Ноември и ГТЦ Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Спорт365 и дневен весник Дневник.
Инволвирани жртви: 3 лица од кои еден потешко повреден скопски навивач и двајца полесно
повредени црногорски навивачи.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Учество во тепачка (Член 132, КЗ), Тешка телесна
повреда (Член 131, КЗ) Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Непознат број навивачи на ФК Будуќност и на ФК Вардар.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил за време на
спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните
индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – на овој инцидент му претходи инцидент од еден ден претходно,
кога навивачите на ФК Будуќност учествуваа во тепачка со навивачите на ФК Шкендија.
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Непознат. (Според информации пренесени од медиумите приведени се 23
навивачи на ФК „Будуќност и одредени им се парични казни.)
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
безбедноста на луѓето присутни на или во близина на спортски натпревари.

Адреса
ул.Кеј 13 Ноември и ГТЦ Скопје
Име на Локација
ул.Кеј 13 Ноември и ГТЦ Скопје

Број на жртви
3
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка меѓу навивачите на Вардар и Будуќност во ГТЦ (непотврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност