септември 9, 2019

Тепачка во автобус бр.65

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 09.09.2019 во 11.50 часот во СВР Скопје, возач во ЈСП Скопје пријавил дека околу 11.30
часот на бул. „Александар Македонски“, во автобус на ЈСП бр.65, по претходна вербална расправија бил нарушен
јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М. (19) и 17-годишна малолетничка, од една страна и Д.Х. (20)
и 16-годишен малолетник, од друга страна, сите четворица од Скопје. Сочинети се записници за констатиран
прекршок по член 11 од ЗППЈРМ,

Датум, време и место на инцидентот: 09.09.2019, 11.30 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, emagazin.mk; press24.mk; sitel.com.mk
Инволвирани жртви: два (2) жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде циркулира мешано етничко население.

Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ..
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
ул. „Александар Македонски“
Име на Локација
во автобус на ЈСП бр.65

Број на жртви
2
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка во автобус бр.65 image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност