април 4, 2014

Спречен поголем инцидент во Чаир (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Избила расправија помеѓу група на активисти на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ
(Македонци), и постари Албанци. Според членовите на заедницата, младите Македонци оставале
памфлети напишани на албански што ги повикувале Албанците да не гласаат на претстојните
избори. Кога биле видено од неколку постари членови на албанската заедница во Чаир, избила
жестока расправија помеѓу групите што била спречена од полицијата која очигледно ги бранела
македонските активисти од ВМРО-ДПМНЕ.

Датум, време и место на инцидентот: 4 април, Општина Чаир, Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „центарњуз.нет“.
Вклучена(и) жртва(и): Непознат(и).
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурност Чл. 144, Оштетување туѓи предмети чл. 243
КЗРМ , Присилба Чл. 139 КЗРМ.
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во
овој инцидент е политичка припадност и политичко убедување, како и етничка припадност
државјанство или јазик, а индикаторите на пристрасност во овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – Според изјавите дадени за медиумите, јасно е дека жртвите сметаат
дека овој инцидент е мотивиран од пристраност.
2. Писмени докази оставени на местото на настанот – Сторителите промовирале и оставиле брошури
што ги повикувале Албанците да не гласаат на претстојните избори.
3. Разлика помеѓу жртвата и сторителот според етничка припадност.
4. Природа на насилството– Инцидентот бил извршен во јавност.
5. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека нема информации поврзани со овој
инцидент.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
Општина Чаир, Скопје
Име на Локација
Општина Чаир, Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Улица
Спречен поголем инцидент во Чаир (верифицирано) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност Политичка припадност