март 28, 2017

Скршена двојазичната табла на ПИОМ во Охрид (потврдено)

Инцидент
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Вработените во подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско
осигурување (ПИОМ) во Охрид забележале дека двојазичната табла поставена на влезот од
зградата е скршена. Според информациите пренесени во медиумите портпаролот на СВР Охрид
изјавил дека имаат сознанија за можниот сторител и дека во координација со јавен обвинител се
преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 28 Март, околу 13:40 часот, Фонд за пензиско и инвалидско
осигурување, Охрид.
Извор на информации: Електронски медиум Мета.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Објект кој е цел на напад – на таблата која е искршена се испишани информации на македонски
и албански јазик;

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Охрид
веднаш се преземени мерки за откривање на сторителот за што е испратено писмено известување
дон Основно јавно обвинителство Охрид во кое се посочени и доставени податоци за можни
сторители, за што јавниот обвинител се произнел дека осомничените ќе бидат повикани на
разговор во Основно јавно обвинителство Охрид, но до моментот на пишување на овој извештај
не е добиена информација дали лицата се повикани и дали се преземени мерки, а од Основното
јавно обвинителство Охрид не се дадени насоки и задачи за понатамошно постапување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Охрид
Име на Локација
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Охрид

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Скршена двојазичната табла на ПИОМ во Охрид (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција