ноември 17, 2016

Разбојништво над бегалци кај Бит Пазар (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Двајца баратели на азил, сместени во Прифатниот центар за баратели на азил
Визбегово биле претепани и ограбени во близина на скопски Бит Пазар од страна на четири
непознати лица. По телата на бегалците имало видливи повреди. По разбојништвото напаѓачите
се упатиле во непознат правец. Случајот е пријавен во полиција, но не е објавен во дневниот
билтен на МВР.

Датум, време и место на инцидентот: 17 ноември, околу 13:20 часот, во близина на Бит Пазар,
Скопје
Извор на информации: Претставничка на невладина организација Легис.
Инволвирани жртви: Две лица – баратели на азил.
Вид на злосторства: Разбојништво (Член 237, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: 4 непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (бегалци, баратели на азил) која е убедливо помалубројна од
припадници од другата група граѓани во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека наведениот настан не е
пријавен во полициска станица од општа надлежност на подрачјето на град Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на лица
кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Бит Пазар, Скопје
Име на Локација
Бит Пазар, Скопје

Број на жртви
2
Број на сторители
4
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Разбојништво над бегалци кај Бит Пазар (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Раса Националност Етничка припадност