април 9, 2020

Оштетени споменици на гробиштата „Камник“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 09.04.2020 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јужноморавски бригади“, на гробиштата „Камник“, од непознат сторител биле оштетени околу 50 споменици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Начин– и претходно се регистрирани инциденти каде се сквернавени гробови на православни гробишта во овој дел од градот.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Оштетени споменици на гробиштата „Камник“ image

Кривични дела

Против јавниот ред
Осквернување на гроб