декември 25, 2015

Ограбени тројца Мароканци близу село Грчиште, Валандово (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Тројца мигранти од Мароко биле ограбени од страна на петмина непознати
вооружени сторители во близина на селото Грчиште, Валандово. Најпрвин, едно лице се понудило
да ги одвезе до границата за компензација од 130 евра, по што се приближиле четворица други и
заплашувајќи ги со огнено оружје, им ги одзеле ранците и еден мобилен телефон.

Датум, време и место на инцидентот: 25 декември, 08:00 часот, во близина на селото Грчиште,
Валандово.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Тројца Мароканци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Петмина непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (марокански мигрант) која е убедливо помалобројна од
припадници на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Случајот е пријавен кај локалните власти, статусот е непознат.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
селото Грчиште, Валандово
Име на Локација
селото Грчиште, Валандово

Број на жртви
3
Број на сторители
5
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Сериозна закана Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Ограбени тројца Мароканци близу село Грчиште, Валандово (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност