јануари 16, 2019

Напад на малолетници во околината на Железничка Станица

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 16.01.2019 година во 23.20 часот во Полициската станица Центар, В.И.(52) од Скопје
пријавил дека истиот ден околу 22.30 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ физички биле нападнати две момчиња на возраст од 16 години од неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на
случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 16.01.2019 година во 22.30 часот на булеварот „Кузман Јосифовски-
Питу“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: две (2) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локацијата – ова е локација во Центарот на Градот Скопје во близина на Транспортниот центар и
Веро Центар каде има многу автобуски постојки за локален превоз и каде се вкрстуваат многу линии
кои поврзуваат делови на градот населени со различни етнички заедници, а со тоа е и место каде се
мешаат многу лица со различно етничко потекло.

Статус на случајот: Од страна на ПСОН Центар земен е записник за прием на пријава по чл.12 од Законот за
прекршоците против јавниот ред и мир (ЗППЈРМ) и се преземаат мерки за расчистување на физичкиот напад.
Одговор на локалните власти: Нема потврда за индикаторите од МВР за овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“ Скопје.
Име на Локација
во близина на Транспортниот центар и Веро Центар.

Број на жртви
2
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Напад на малолетници во околината на Железничка Станица image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност