февруари 21, 2020

Нападнат малолетник во Аеродром

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 21.02.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје, Б.И.(56) од с.Брест,скопско пријавил дека околу 13.10 часот во близина на маркет на ул.Вењамин Мачуковски неговиот 17 годишен син бил физички нападнат од Е.Н. и О.Н.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко потекло а пристрасните индикатори се:

  1. Разлика во етничкото потекло – жртвата и напаѓачите се од различно етничко потекло;
  2. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште, во автобус

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив ( училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).


Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Нападнат малолетник во Аеродром image