ноември 4, 2022

Нападнат малолетник во автобус бр.65 во с. Сингелиќ

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 04 ноември 2022 година родител пријавил дека во с.Сингелиќ неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, во автобус бр.65. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници
  2. Модел на претходни инциденти – претходни инциденти меѓу малолетници во автобуси на ова подрачје

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Нападнат малолетник во автобус бр.65 во с. Сингелиќ image