февруари 23, 2017

Нападната студентка поради национална припадност и верско уверување (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Девојка, студентка на Правниот факултет Јустинијан I, која носeла марама на
главата, била физички и вербално нападната од страна на група на машки лица на возраст од
17-18 години на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Напаѓачите се обиделе да и ја извлечат
марамата од глава, нарекувајќи ја „терорист”, „гнасна шиптарка” и велејќи и „мрш во Арабија”. На
местото на настанот неколку граѓани ја предупредиле групата, по што нејзините членови веднаш
се разбегале

Датум, време и место на инцидентот: 23 февруари, околу 14:00 часот, Плоштад „Македонија“,
Скопје
Извор на информации: Случајот е пријавен во полиција и во МХК од страна на познаничка на
студентката.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144, КЗ), Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничката припадност, државјанство или јазик, односно религиозната припадност или верско
убедување, а пристрасните индикатори се:
1. Содржина на упатените пораки – Навредливите и заканувачки пораки се упатени кон жртвата
поради тоа што носи шамија која напаѓачите се обиделе да и ја извадат.
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот добиен од МВР на Барањето за информации
од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, накусо се споменува дека
по пријавувањето на овој настан од страна на оштетената на 24 февруари 2017 година во ПС
„Центар“ во полициската станица бил сочинет записник за пријава на настанот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
различни етнички, односно верски заедници во земјата.

Адреса
Плоштад Македонија, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Плоштад Македонија, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
8
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Нападната студентка поради национална припадност и верско уверување (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните

Основа

Националност Етничка припадност Религија или уверување Родов идентитет