април 4, 2019

Меѓуетничка тепачка во скопско Ѓорче Петров

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 04.04.2019 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Смилевска“ (Ѓорче) бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Џ.(35), Р.Н.(33) и С.И.(33), сите од Скопје, од една страна и Ф.С.(32), Т.Ц.(22) и А.М.(29), сите од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Датум, време и место на инцидентот: 04.04.2019 во 21.00 часот на улица „Смилевска“ (Ѓорче Петров).
Извор на информации: дневен билтен на МВР, електронски медиум
https://lider.com.mk/hronika/masovna-tepachka-srede-ulica-vo-skopje/
https://vesnik.com/node/16626
Инволвирани жртви: три жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РМ)
Сторители: три познати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација-настанот се случил во населба каде живее мешано етничко население и каде постои нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Случајот е евидентиран како прекрошок против ЈРМ по член 11 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Смилевска, Статистички регион Скопје 1000, Северна Македонија
Име на Локација
Општина Ѓорче Петров

Број на жртви
3
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Улица
Меѓуетничка тепачка во скопско Ѓорче Петров image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност