декември 8, 2014

Малолетник бил нападнат од група на четворица непознати сторители поради својата сексуална ориентација (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет
Насилство врз малолетници

Што се случило: Малолетник бил физички нападнат од група на четворица непознати сторители
поради неговата сексуална ориентација. Кога групата поминувала покрај жртвата еден од нив
го удрил, обраќајќи му се со зборовите: „Губи се од овде, педеру!“ Потоа, групата ја следела
жртвата во текот на следните 10-15 минути.

Датум, време и место на инцидентот:. 8 декември, 19-20 часот, место познато како Адвокатска
улица, бул. „Крсте Мисирков“, Скопје.
Извор на информацијата: интервју со жртвата.
Вклучена(и) жртва(и): Малолетник бил физички нападнат, но не бил повреден.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Четворица непознати сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е сексуалната ориентација на жртвата, додека индикатори на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата смета дека инцидентот е злосторство од омраза
2. Локација – Инцидентот се случил во област позната како област каде што се движат ЛГБТИ.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непријавен (по избор на жртвата).
Одговор на надлежните власти: Н/Д.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедноста состојба на сексуалните малцинства во земјата, особено на оние локации
кадешто е познато дека се движат.

Адреса
бул. „Крсте Мисирков“, Скопје
Име на Локација
Адвокатска улица

Број на жртви
1
Идентитет за објавување
Жртва
Број на сторители
4
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Дали пријавивте во полиција?
Не
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Малолетник бил нападнат од група на четворица непознати сторители поради својата сексуална ориентација (верифицирано) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Сексуална ориентација