август 18, 2022

Инцидент од омраза во близина на Железничката станица

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 18.08.2022 било пријавено дека Л.Г.(20) од Косово со повреди бил донесен во болницата Аџибадем Систина. Повредите настанале како резултат на физички напад од неколку лица кои употребиле тврди предмети, а нападот се случил во близина на Железничката станица.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – жртвата е жител на Косово
  2. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Име на Локација
Железничка станица

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад
Инцидент од омраза во близина на Железничката станица image