декември 8, 2020

Запалено државно знаме на железничката станица „Скопје Север“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 08.12.2020 година во 07.12 часот во СВР Скопје, Ѓ.З., вработен во Македонски Железници пријавил дека на железничката станица „Скопје Север“, едно лице го запалило државното знаме кое било на јарболот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е националната основа поради тоа што нападот се случил затоа што знамето е симбол на македонската држава, а пристрасните индикатори се:

  1. Модел на претходни инциденти – претходни инциденти од слична природа
  1. Национална основа – палење на знаме на конкретна држава

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните национални, етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Запалено државно знаме на железничката станица „Скопје Север“ image