октомври 22, 2014

Еден малолетник повреден во автовус од јавен градски превоз бр. 2 (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Еден малолетник бил нападнат под поголема група, здобивајќи се со повреди на
главата. Инцидентот се случил во автобус од јавниот градски транспорт бр. 2, на бул. „Партизански
одреди“ за време на фудбалски натпревар меѓу двата тимови чиишто клубови на навивачи се
со различна етничка припадност и имаат претходна историја на насилно однесување во тек на
натпревари.

Датум, време и место на инцидентот: 22 октомври, 13:40 часот, автобус на јавен градски превоз,
линија бр. 2, на бул. „Партизански одреди“ во Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „новатв.мк“ (novatv.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Едно малолетно момче со непознато етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда (Чл.130 КЗРМ), Насилство (Чл.386), Загрозување на
сигурноста (Чл.144).
Сторител(и): Непознат број на сторители со непознато етничко потекло, организирани како
голема група.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа – Возната линија на автобус бр. 2
го вклучува Сарај, големо село населено претежно од Албанци, па може да се изведе логички
заклучок дека патниците во овој автобус исто така би имале слично етничкото потекло, додека
инцидентот се случил во област претежно населена од Македонци.
2. Локација и време – Инцидентот се случил во автобус од јавен градски превоз, линија бр. 2 што
води до село со доминантно албанско население. Исто така се случил за време на фудбалски
меч помеѓу два тиме чиишто навивачи имаат различно етничко потекло и претходна историја на
насилно однесување во текот на натпреварите.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека е поднесен Извештај за примање кривична пријава против непознат сторител за кривично дело Насилство.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.

Адреса
бул. „Партизански одреди“ во Скопје
Име на Локација
автобус на јавен градски превоз, линија бр. 2

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Еден малолетник повреден во автовус од јавен градски превоз бр. 2 (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност