ноември 6, 2016

Две деца осомничени за обид за убиство (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: По настаната вербална расправија, две 14 годишни деца тешко телесно
повредиле едно осумнаесетгодишно лице во близина на кафе барот „Стоп“ на ул. Битпазарска.
Децата го нападнале лицето со умисла, при што го удирале со тупаници во пределот на главата и
градниот кош, од кои удари оштетеното лице паднало на земја, здобивајќи тешка телесна повреда
изразена во вид на контузии на главата со повреди на мозокот, крвавење и со наполнети бели
дробови со течност. Од настанатите повреди животот му бил доведен во опасност. Од страна на
јавниот обвинител е побарано да се одреди мерка притвор за двете деца.

Датум, време и место на инцидентот: 6 ноември, 1:00 часот, ул.Битпазарска, Скопје
Извор на информации: Дневен весник Фокус.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Тешка телесна повреда (Член 131, КЗ)
Сторители: Две малолетни лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во област населена
од луѓе со мешан етнички состав, можно е сторителите и жртвата да имаат различно етничко
потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против две лица.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
до надлежното ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две лица од Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Address
ул.Битпазарска, Скопје
Location Name
кафе бар „Стоп“

Number of victims
1
Number of Perpetrators
2
Status of the case
Идентификувани сторители
Type of incident?
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Incident location
Друга јавна локација
How did the police react?
Тие го фатија сторителот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Две деца осомничени за обид за убиство (непотврдено) image

Criminal offences

Against Life and Body
Тешка телесна повреда
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Националност Етничка припадност