октомври 19, 2016

Антисемитски летоци во центарот на Скопје (потврдено)

Инцидент
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Расна или друга дискриминација

Што се случило: Летоци со антисемитски пораки биле поставени на неколку возила во центарот
на Скопје.

Датум, време и место на инцидентот: 19 октомври, околу 9 часот, во центарот на Скопје
Извор на информации: Инцидентот во Хелсиншкиот комитет е пријавен од страна на претставник
на Еврејската заедница во Република Македонија
Инволвирани жртви: Во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Расна и друга дискриминација (Член 417, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
Содржина на летоците – летоците се испишани со антисемитски пораки;

Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека наведениот настан не е
пријавен во полициска станица од општа надлежност на подрачјето на град Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
различните заедници во земјата.

Адреса
центарот на Скопје
Име на Локација
центарот на Скопје

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Име на Локација
Улица
Антисемитски летоци во центарот на Скопје (потврдено) image

Кривични дела

Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција
Против човештвото и меѓународното право
Расна или друга дискриминација

Основа

Раса