Што се случило: На 18.08.2022 било пријавено дека Л.Г.(20) од Косово со повреди бил донесен во болницата Аџибадем Систина. Повредите настанале како резултат на физички напад од неколку лица кои употребиле тврди предмети, а нападот се случил во близина на Железничката станица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:
- Претпоставена разлика во етничкото потекло – жртвата е жител на Косово
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.
Име на Локација
Железничка станица
Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда
Физички напад