Што се случило: Малолетник бил физички нападнат од група на четворица непознати сторители
поради неговата сексуална ориентација. Кога групата поминувала покрај жртвата еден од нив
го удрил, обраќајќи му се со зборовите: „Губи се од овде, педеру!“ Потоа, групата ја следела
жртвата во текот на следните 10-15 минути.
Датум, време и место на инцидентот:. 8 декември, 19-20 часот, место познато како Адвокатска
улица, бул. „Крсте Мисирков“, Скопје.
Извор на информацијата: интервју со жртвата.
Вклучена(и) жртва(и): Малолетник бил физички нападнат, но не бил повреден.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Четворица непознати сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е сексуалната ориентација на жртвата, додека индикатори на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата смета дека инцидентот е злосторство од омраза
2. Локација – Инцидентот се случил во област позната како област каде што се движат ЛГБТИ.
3. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непријавен (по избор на жртвата).
Одговор на надлежните власти: Н/Д.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедноста состојба на сексуалните малцинства во земјата, особено на оние локации
кадешто е познато дека се движат.