Што се случило: На 02.06.2019 година во времето од 20.10 до 23.50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“,
одржан е јавен собир (прослава), по повод победата на ракометниот клуб „Вардар“. За време на прославата,
пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило Ауди А3 со скопски регистарски ознаки на булеварот
„Гоце Делчев“. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со
телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18). на улицата „11-ти Октомври“ пред Собранието на РСМ било
оштетено патничко моторно возило Шевролет Спарк сопственост на МВР. Во врска со настанот од страна на
Единицата „АЛФА“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје.
Датум, време и место на инцидентот: 02.04.2019 плоштад „Македонија“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, mkd.mk; press24.mk; slobodnaevropa.mk; slobodenpecat.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Телесна повреда (член 135 од КЗ)
Сторители: повеќе сторители, шест (6) сторители идентификувани, од кои пет (5) се малолетници.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – за време на прослава на македонски етнички клуб, навивачите извикувале пароли
против албанската заедница, како и уништиле автомобили од Косово.
2. Локација – и претходно на плоштад при прослави се случувале вакви инциденти
Статус на случајот: затворен
Одговор на локалните власти: Оштетените се изјасниле дека нема да поднесуваат пријава.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.