Тројца тинејџери биле нападнати во сабота вечер од неколку маскирани лица во населба Ченто, на игралиштето на последната автобуска постојка бр.45.
Според полицијата, напаѓачите децата ги удирале со тупаници, клоци, како и со дрвени и метални предмети во пределот на главите и телата.
По нападот, повредените лица се пренесени во ГОБ-Скопје за укажување лекарска помош.
Полицијата трага по сторителите.