ноември 2, 2013

Тројца тинејџери нападнати на игралиште во Ченто

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Тројца тинејџери биле нападнати во сабота вечер од неколку маскирани лица во населба Ченто, на игралиштето на последната автобуска постојка бр.45.
Според полицијата, напаѓачите децата ги удирале со тупаници, клоци, како и со дрвени и метални предмети во пределот на главите и телата.

По нападот, повредените лица се пренесени во ГОБ-Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата трага по сторителите.

Адреса
Chento, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Тројца тинејџери нападнати на игралиште во Ченто image