March 2, 2013

Деца Македонци истепани од постари млади Албанци

Incident
Incident për shkak të përkatësisë fetare ose besimit fetar

Две деца, браќа на 14 и 10 години се брутално истепани од група на повозрасни млади лица на возраст од 18 до 20 години во петокот во Непроштено, по што 14-годишникот завршил во болница. Тепањето има меѓу етнички карактер-двете истепани деца се од македонска националност, додека напаѓачите се од албанската заедница.

Настанот се случувал во и околу фудбалско игралиште во Непроштено. Децата заедно со уште неколку другарчиња играле фудбал вчера околу 15 часот, кога се приближила групата на повозрасни младинци од албанска националност. Започнале да ги навредуваат децата на етничка основа, им рекле да заминат од местото, по што започнале да фрлаат со камења.

Децата тргнале да одат, но едниот од браќата ја заборавил јакната, по што двајцата браќа се вратиле на игралиштето. Тогаш виделе дека групата која ги избркала ја запалила и изгорела јакната. Кога повторно се заминале од игралиштето, 3-4 лица од групата повозрасни младинци повторно ги пресретнала двајцата браќа и започнале да ги тепаат.

Според кажувањата на децата во полиција, групата од 3-4 лица ги удирала со клоци, тупаници а употребиле и стап. Истепаните деца заминале во куќата на бабата по што биле однесени од блиските во болница. Лекарите утврдиле потешка повреда кај 14 годишникот над окото како и повреди на рацете и нозете, поради што бил задржан на лекување во хируршкото одделение на тетовската болница. Помалиот брат на 10 години исто така има повреди, но по давањето на лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Полицијата соопшти дека по пријавувањето на нападот, идентификувани се двајца од напаѓачите. Едниот на 20 години со иницијали Р.Ш, а другиот на 18 години со иницијали А.Д. Двајцата се повикани на информативен разговор, а за вештачење е подигнат стапот со кој двете деца посочиле дека биле удирани. Полицијата по истражувањето ќе поднесе соодветна пријава за осомничените за нападот.

Adresë
Neproshteno, Macedonia (FYROM)

Numri i kryerësve
1
Statusi i çështjes
Perpetrators identified
Деца Македонци истепани од постари млади Албанци image