август 22, 2017

Разбојништво врз Пакистанец во с.Ваксинце

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Според информациите пренесени во медиумите, едно лице од Пакистан, било нападнато од страна на три други лица од Пакистан при што му биле одземени 150 евра. Според неговите кажувања тој дошол заедно со група лица од Пакистан во с. Ваксинце, при што биле пречекани од три лица, исто така од Пакистан (на возраст од околу 25-30 години), кои биле задолжени за пречекување и испраќање групи мигранти надвор од државата. Наведените организатори на сите лица од групата мигранти им побарале по 2.000 евра од лице, за да ги пренесат преку државната граница во Р. Србија. Бидејќи оштетениот немал пари, еден од организаторите го нападнал, удирајќи го со два удари со рака во пределот на лицето, по што му ги одзел парите и го оставиле.
Датум, време и место на инцидентот: 22 јули, 22:00 часот, с. Ваксинце, Куманово.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи; Електронски медиум Кумановски муабети.
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Разбојништво (Член 237, КЗ)
Сторители: Едно лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е статусот на бегалец или мигрант, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од трендот на кражби и напади врз мигранти.
Статус на случајот: Нема одговор од МВР.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на Барањето за информации од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на мигранти кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
Kumanovo, Macedonia (FYROM)
Линикови од вести

Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Разбојништво врз Пакистанец во с.Ваксинце image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност