јануари 13, 2018

Навивачи на КК „Шкупи“ истепале полицајци и кошаркари на КК „Пелистер“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 13 јануари 2018 година навивачи на кошаркарскиот клуб Шкупи во салата
„Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир повредиле двајца полицајци, еден кошаркар и
технички раководител на клуб, а удирале и други играчи.
Според СВР Скопје, инцидентот почнал во 19.20 часот, по завршување на натпреварот помеѓу
кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Од трибината каде што била
навивачката група на „Шкупи“ била фрлена една петарда на клупата каде што седеле кошаркарите
на „Пелистер“. Тие потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите.
Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината
и нападнале неколку кошаркари на „Пелистер“, при што со повреди се здобиле техничкиот
раководител на клубот и еден од играчите, како и двајца униформирани полицајци.
За случајот веднаш бил известен и јавен обвинител, а полицијата работи на расчистување на
случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 13 јануари 2018 година, во 19.20 часот, салата „Шабан
Трстена“ во скопската населба Чаир.
Извор на информации: Електронски медиум libertas.mk.
Инволвирани жртви: повеќе повредени, од кои 2 полицајци, 1 кошаркар и 1 технички раководител
на клуб
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 131, КЗ на РСМ), Насилство (Член 386, КЗ на РСМ),
Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста ( чл.383 од КЗ)
Сторители: повеќе сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот
мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло и припадност на навивчка група – жртвите биле од македонска
етничка припадност, а напаѓачите биле од албанска етничка заедница и членови на
навивачка група на Шверцери.
2. Локацијата – инцидентот се случил во спортска сала после натпревар.

Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Нема информации од МВР за овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
спортска сала „Шабан Трстена“ Чаир
Име на Локација
спортска сала „Шабан Трстена“ Чаир

Број на жртви
4
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Навивачи на КК „Шкупи“ истепале полицајци и кошаркари на КК „Пелистер“ image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност Религија или уверување