јуни 21, 2018

Оштетени бисти на народни херои во Маврови Анови

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Во 11 часот синоќа во Полициското одделение Маврово, С.Б.(74) пријавил дека во
населбата Маврови Анови, од страна на непознати лица, со употреба на физичка сила, од постаментите
биле турнати две бронзени статуи од народните херои Чеде Филипоски и Злате Малакоски. Се преземаат
мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 21 јуни, во вечерните часови, Маврови Анови.
Извор на информации: дневен весник Нова Македонија, дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Оштетување на туѓи предемти (Член 243, КЗ на РСМ),
Сторители: непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се регистрирани инциденти на уништување и
сквернавење на споеници од НОВ и други историтски објекти поврзани со македонската етничка
заедница.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како кривично дело Оштетување на туѓи предмети по член 243 од КЗ, и поднесена е кривична пријава
до ОЈО против непознат сторител.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Маврови Анови, Северна Македонија
Име на Локација
Маврови Анови, Северна Македонија

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Уништување на симболи
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетени бисти на народни херои во Маврови Анови image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против честа и угледот
Изложеност на македонскиот народ и националности за исмевање
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност