ноември 24, 2019

Навивачи, меѓу кои и малолетници, нападнале полицајци и малолетници на плоштад „Македонија“

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 24.11.2019 околу 15.20 часот на подрачјето на град Скопје, полициски службеници од СВР
Скопје ги лишиле од слобода А.Н. (20), Х.Ѓ. (22), Д.М. (18), Д.С. (24), Д.Г. (20) и четири малолетни лица, сите од
Скопје, поради тоа што претходно на Плоштад „Македонија“, во близина на „Камен Мост“, како дел од навивачка
група од околу 25 лица, со тврди предмети фрлале кон полициски службеници поради тоа што не им било
дозволено да преминат преку мостот. Исто така, на „Кеј 13-ти Ноември“ тие физички нападнале други четири
малолетници, сите од Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот
ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Датум, време и место на инцидентот: 24.11.2019, 15.20, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, novamakedonija.com.mk; press24.mk; netpress.com.mk
Инволвирани жртви: четири (4) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: пет (5) полнолетни сторители и четири (4) малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвите се од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде што и претходно се случувале вакви инциденти

Статус на случајот: поднесени прекршочни пријави.
Одговор на локалните власти: Приведени биле 10 лица, на 9 лица им се издадени прекршочни платни налози
по чл.31 од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортски натпревари, додека
за десетото лице кое е малолетно, на неговиот родител-старател е издаден записник за констатиран прекршок
„Занемарена грижа од родител или старател“ од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.

Адреса
Плоштад Македонија, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Плоштад „Македонија“, во близина на „Камен Мост“/ „Кеј 13-ти Ноември“

Број на жртви
4
Број на сторители
9
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Напад со студено оружје Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Навивачи, меѓу кои и малолетници, нападнале полицајци и малолетници на плоштад „Македонија“ image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност