април 4, 2019

17 годишен ученик истепан во ГУЦ „Здравко Цветковски“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 04.04.2019 во 18.50 часот во Полициската станица Карпош, С.Е.(48) од село Љубин, скопко,
пријавил дека истиот ден околу 15.15 часот во средното училиште „Здравко Цветковски“ неговиот 17 – годишен
син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 04.04.2019 во 15.15 часот во ГУЦ Здравко Цветковски.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, kurir.mk; republika.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: двајца (2) малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во средно училиште во кое учат ученици од различни етнички заедници
и каде и претходно имало регистрирано вакви настани.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Од страна на Единицата за насилен криминал до ОЈО Скопје поднесена е
кривична пријава против Ф.Ш (18) и Е.М (17) од Скопје, за сторено кривично дело „Насилство“ од чл.386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.

Адреса
Скопје статистички регион 1000, Северна Македонија
Име на Локација
Гимназија Здравко Цветковски

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
17 годишен ученик истепан во ГУЦ „Здравко Цветковски“ image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност