декември 14, 2013

15 малолетници нападнале две момчиња во Чаир

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Нападнати биле 13 годишно момче и 18 годишен скопјанец. Во скопската населба Чаир, кај ОУ „Никола Вапцаров“, вчера, околу 14:30 часот, на улицата „Струмичка“ 10-15 малолетни лица физички ги нападнале со тупаници и клоци С.Н.(18) и Н.Н.(13) од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

25 ДЕКЕМВРИ 2013

Полицијата пронајде група малолетници кои тепаа деца во Чаир

СВР Скопје ќе поднесе посебен извештај против четири малолетни лица на возраст од 12 до 14 години за сторено кривично дело „насилство“. 

На 14.12.2013 година, околу 14,30 часот, во Скопје на ул. „Струмичка“ во нас.Чаир кај ОУ „Никола Вапцаров“ повеќе лица физички ги нападнале С.Н.(18) и тринаесет годишен малолетник, двајцата од Скопје удирајќи ги со тупаници и клоци.

Адреса
Strumicka, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)

Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
15 малолетници нападнале две момчиња во Чаир image