јуни 23, 2020

12 годишен малолетник прободен со остар предмет во близина на Зелен пазар во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 23.06.2020 во 19,59 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на плочник во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, 12 годишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице. Малолетникот бил пренесен во Градска општа болница„Наум Охридски“ каде од доктор му биле констатирани повреди.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – напади на осамени малолетни лица на улица, блиску училиште, во автобус

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
12 годишен малолетник прободен со остар предмет во близина на Зелен пазар во Скопје image