март 16, 2019

Штипјанец ширел поттикнувал омраза и насилство преку Facebook

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 03.04.2019 СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична
пријавa против С.Ш.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Ширење
на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г став 1 од
Кривичниот законик. На 16.03.2019 година, пријавениот на неговиот „Facebook“ профил објавил коментар и
слика со кои ширел расистички и ксенофобичен материјал и поттикнувал омраза и насилство.

Датум, време и место на инцидентот: 16.03.2019 година Facebook, Штип.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (Член
394-г, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) познат сторител, С.Ш. од Штип
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот ширел говор на омраза против различна етничка заедница.
2. Начин на сторување – многу често социјалните медиуми особено Facebook се користи како простор за
сторување на ваков вид инциденти

Статус на случајот: поднесена кривична пријава
Одговор на локалните власти: На 03.04.2019 е поднесена кривична пријава против сторителот за сторено
кривично дело „ Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од чл.394-г
од КЗ. Кривичното дело е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Штип, Северна Македонија
Име на Локација
Штип, Северна Македонија

Број на жртви
-
Број на сторители
1
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Штипјанец ширел поттикнувал омраза и насилство преку Facebook image

Основа

Националност Етничка припадност