август 9, 2015

Членови на навивачкиот клуб Комити нападнале двајца Албанци кои живеат во Белгија (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: По фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Вардар, непознат број членови
на навивачкиот клуб Комити (ФК Вардар) нападнале двајца Албанци кои живеат во Белгија.

Датум, време и место на инцидентот: 9 август, неозначено време (по 21:00 часот), Сити мол, Скопје.
Извор на информации: Медиум Република.
Инволвирани жртви: Двајца Албанци, машки лица.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Тешка телесна повреда“ (член 131, КЗ на РМ).
Сторители: Непознат број членови на НК Комити.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил за време на
спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните
индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло– членовите на НК Комити се Македонци, додека жртвите се Албанци;
2. Време – инцидентот се случил по фудбалски натпревар помеѓу клубовите чии навивачи/
поддржувачи имаат различно етничко потекло;
3. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
4. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознато.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека немаат информација за конкретниот
случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата и безбедноста на луѓето присутни или во близина на
спортски натпревари.

Адреса
Сити мол, Скопје
Име на Локација
Сити мол, Скопје

Број на жртви
2
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Членови на навивачкиот клуб Комити нападнале двајца Албанци кои живеат во Белгија (непотврдено) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност