февруари 17, 2016

Четири момчиња нападнале соученик пред СУ „Лазар Танев“ (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Ученик од трета година во скопското средно училиште „Лазар Танев“ бил физички
нападнат од негови соученици пред влезот на гимназијата. Момчето, по инцидентот, со возило на итната
медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар, каде му била укажана лекарска помош.

Датум, време и место на инцидентот: 17 февруари, околу 13:40 часот, во средното училиште
„Лазар Танев“ во Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Репортер.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Учество во тепачка (Член 132, КЗ), Телесна повреда
(Член 130, КЗ).
Сторители: Група од 4 лица, од кои три малолетни и едно полнолетно лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведеното училиште, можно е етничкото потекло на сторителите да се разликува од
она на жртвата;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.

Статус на случајот: Поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
било доставено барање за поведување на прекршочна постапка од 01.03.2016 година до Основен
Суд Скопје 1 Скопје, Оддел за прекршоци.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје
Име на Локација
средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
4
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Институција
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Четири момчиња нападнале соученик пред СУ „Лазар Танев“ (непотврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност