мај 7, 2022

Физички напад над активист поради неговата сексуална ориентација

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Што се случило: Во мај 2022 година, активист бил физички нападнат и навредуван во присуство на неговата мајка од страна на неколку лица, a според жртвата нападот се случил поради неговата сексуална ориентација.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е сексуалната ориентација на жртвата, а пристрасните индикатори се:

  1. Сексуална определба – жртвата е со различна сексуална ориентација
  2. Модел на претходни инциденти – претходни напади кон лица од ЛГБТИ заедницата, а конкретно и претходни напади над жртвата поради неговата сексуална ориентација

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, кохезијата помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста и здравјето на ЛГБТИ луѓето.


Број на жртви
2
Број на сторители
-
Поврзаност со друг инцидент
https://zlostorstvaodomraza.com/нападнат-лгбт-активист-после-парадат/
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Улица
Физички напад над активист поради неговата сексуална ориентација image