септември 27, 2020

Физички напад заради различна етничка припадност

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 27.09.2020 година во ПС ОН Центар, 21-годишен човек пријавил во полиција дека 21-годишен маж физички го нападнал без очигледна причина

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло поради тоа што жртвата зборувала поинаков јазик од напаѓачот, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – жртвата и напаѓачот зборувале на различен јазик
  2. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачот биле од различна етничка заедница

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад заради различна етничка припадност image