јуни 20, 2020

Физички напад во Градскиот парк во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 20.06.2020 во 01.20 часот во СВР Скопје, Б.П.(19) од Скопје пријавил дека во 00.30 часот во Градскиот парк кај фонтаната на бул.“Илинден“ додека бил заедно со А.М., по претходно недоразбирање бил физички нападнат со стаклено шише од пет непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  2. Локација-настанот се случил на место каде што се движи мешано етничко население

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
2
Број на сторители
5
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад во Градскиот парк во Скопје image