ноември 1, 2020

Физички нападнати двајца малолетници во Ѓорче Петров

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 01.11.2020 година во 20.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ѓорче Петров двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од неколку лица, од кои едното имало остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло поради тоа што нападот се случил поради тоа што момчињата зборувале различни јазици, а пристрасните индикатори се:

  1. Јазик на зборување – засегнатите малолетници зборувале на различен јазик од напаѓачите
  2. Етничкото потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
2
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички нападнати двајца малолетници во Ѓорче Петров image