февруари 4, 2020

Физичка пресметка помеѓу студенти во студентски дом во Скопје

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 04.02.2020 во 23.30 часот во СВР Скопје, П.С.(24) од с.Миравци, гевгелиско, пријавил дека околу 23.00 часот во студентски дом на бул.„Александар Македонски“, тој и М.М.(22) од Р.Србија биле физички нападнати од Г.В.(21) од Р.Албанија, сите студенти сместени во домот. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
2
Број на сторители
1
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физичка пресметка помеѓу студенти во студентски дом во Скопје image